32 годишен кумановец кој се барал за доиздржување на казна затвор од четири години и 10 месец, денес е уапсен во Велес. При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка.
„Денеска (27.07.2022) во 12.20 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Содржината продолжива под рекламата
При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Можеби ќе ве интересира: