На 29 октомври 2025 година, околу 11:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 34-годишниот А.Р. од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“.
Според информациите од полицијата, осомничениот со употреба на сила и подесен алат влегол во продажен објект во Велес и одзел повеќе производи. При полициски преглед кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои веднаш биле вратени на сопственикот.
А.Р. бил приведен во полициската станица во Велес, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



















