Вчера во вечерните часови, околу 20:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 46-годишниот Е.Л. од селото Горно Оризари, велешко, под сомнение дека намерно предизвикал пожар.
Според информациите од МВР, Е.Л. со запалка запалил сува трева на отворен простор во близина на селото, при што избувнал пожар. Благодарение на брзата интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица Велес, пожарот бил локализиран и изгаснат. Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица.
Е.Л. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.