Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес, ќе добие фотонапонски панели на покривот, преку програмата за користење на капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024. Со фотонапонските панели, се очекува да се намалат сметките за струја.
Содржината продолжува под рекламата
Општина Чашка пак ќе добие Дом на културата со програмата за користење на капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024. Објектот ќе биде на површина од 1.100 метри квадратни на два ката, со мултифункционална сала, мала сала, библиотека, простории за невладин сектор.
Содржината продолжува под рекламата
Со вкупно 50 милиони денари од Министерството за култура ќе бидат поддржани 11 општини во земјава за инфраструктурни проекти од областа на културата. Средствата се од Програмата за користење на капиталните дотации за инвестициски проекти во единиците на локална самоуправа од областа на културата за 2024 година.
Можеби ќе ве интересира: