
Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, a во моментов бројката на активвни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува двајца граѓани.
Од министерството информираат дека во последните 24 часа се направени 2.873 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19, од кои во Тетово – 4, Скопје и Струмица по 3, Куманово – 2 и по еден во Прилеп, Гостивар, Охрид и во Струга.
Регистрирани се и 4 оздравени пациенти – двајца од Скопје и по еден од Куманово и Кратово.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати пациенти.
Од почетокот на епидемија во Македонија се направени вкупно 894.904 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.
Можеби ќе ве интересира:
