Двајца жители на велешкото село Горно Оризари се под истрага откако 55-годишна жена пријавила дека тие физички го нападнале нејзиниот малолетен син. Инцидентот се случил на 30 јули во самото село, а во нападот бил користен и тврд предмет.
Полицијата изминатите два дена (31 јули и 1 август) спровела службени разговори со осомничените О.Ш. (56) и А.Т. (31), при што предметот бил пронајден и одземен од О.Ш.
Случајот е пријавен до јавниот обвинител, а по документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.