,,Мелнички средби 2023“ во село Мелница

Melnicki sredbi 2023

Вчера во село Мелница, Општина Чашка, по прв пат се одржа манифестација „ Мелнички средби 2023 “. На покана од организаторите на иницијативата – Здружението на граѓани за граѓански иницијативи МЕЛ-МЕЛ 2023 Мелница – Чашка, заедно со МАК МЕЛ – Швајцарија, со поддршка на Министерството за култура и Општина Чашка, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на отворањето. Говорејќи за нераскинливата врска со родниот крај на нашите иселеници, министерот Спасовски ја истакна печалбарската традиција која е во дух на оваа манифестација – Иселеничка средба Мелница 2023.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Печалбарската традиција која од многу одамна е длабоко вткаена во македонското живеење, во нашиот народен фолклор и обичаите, како составен дел од националниот супстрат и посебноста, како обележје кое јасно говори и сведочи не само за незаборавот и пиететот кон потеклото, туку и за љубовта и трајната поврзаност со него.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во тој дух и оваа манифестација – Иселеничка средба Мелница 2023 – всушност, има една крајно благородна цел: да ги негува и чува корените од минатото, да ги зближи старите и новите генерации – вторите, за да слушнат, видат и научат, а првите, за да се потсетат на заедничкото извориште на постоењето”, рече министерот Спасовски.

Притоа, Спасовски ја нагласи придобивката од ваквите настани: „Она што мислам дека е најважната придобивка и квалитет на овие настани – а тоа е чествувањето и прославувањето на она што претставува една од најголемите драгоцености во човечкото социо-културно егзистирање – родниот крај!”, рече Спасовски на крајот од своето обраќање пред гостите и мелничани, посакувајќи им успех и просперитет како на професионален, така и на личен план.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: