Oсновното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – Убиство во обид при вршење на семејно насилство.
„На 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата“ велат од обвинителството.
Текстот продолжува под рекламите
Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Текстот продолжува под рекламата
Инцидентот се случи во вторникот околу 16:30 часот, на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес.
Можеби ќе ве интересира: