Мопедист кој одбил да застане нападнал полицаец во Велес

veleska policija soobrakajci

Инцидент на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес заврши со приведување на 18-годишно момче, откако тој прво се обидел да побегне од полициска контрола, а потоа физички нападнал полициски службеник.

Според информациите од СВР Велес, случајот се случил на 10 септември 2025 година, околу 19:40 часот, кога полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на мопед без регистарски ознаки. Возачот, идентификуван како Ж.Т. (18) од Велес, не застанал и се обидел да избегне контрола. Во обидот да побегне изгубил контрола врз мопедот и паднал на коловозот.

Agria

Кога полицијата пристигнала на местото, наместо да соработува, младиот возач физички нападнал полициски службеник. Тој веднаш бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Ж.Т. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: