Фирмата „Трени Балкани Кочи Дентали“ е избрана на денешното прво рочиште во велешкиот Основен суд со изјаснувaње на сите околу 90-тина доверителите кои имаат свои побараувања во Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска. Сите доверители едногласно изгласа оваа фирма да биде одбрана и да изврши реорганизација и Колска која се уште работи со 42 работници да продолжат со својата работа за репарација на вагони.
Трајанов во изјавата за медиумите по рочиштето, појасни дека е управител и косопственик на „Трени Балкани Кочи Дентали“ ДОО од Василево, струмичко дека партнерите му се од Италија фирмата СИТАВ со 40 проценти која работи, исто како, велешка Колска и има над 1 100 вработени и од Албанија партнер му е фирмата „Трени Балкани Албанија“ која се спрема да отвори фабрика за репарација на патничкиот сообраќај во Албанија.
„Ние имаме три години да го исплатиме долгот кон поголемите доверители. Но, најпрво планираме да ги исплатиме отпремнинита за оние кои заминаа во пензија како и исплата на К-15 за минатата година. Сето тоа ќе го договараме заедно со стечајниот управник, а потоа и долгот кон поголемите доверители како УЈП, а за време од три години. Нема да биде воопшто лесно, со луѓето кои работат таму ќе седнеме и ќе разговараме, јас сам не можам, но најтешко ќе ни биде да најдеме нови работници“, потенцира Трајанов.
Како што информира стечајниот управник Димитар Аџиев од Штип најголем доверител на Колска и УЈП Регионална дирекција Прилеп со 83 посто од долгот на Колска или над 1 милион евра, па следи фирмата „Техно гас“ од Скопје, како и Македонски Железници во помал процент на побарување и ЈКП „Дервен“, а има и повеќе мали доверители-поранешни вработени сега во пензија, а кои бараат отпремнини.
Инаку моментално во Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска работат 42 работници од кои до крајот на годинава ќе останат и помалку од 40. Како што информира од Фабричкиот синдикат Тони Арсовски од државата немаат добиено плата за февруари, а ќе чекаат и за март, додека К -15 за лани ќе чекаат од новиот газда, кој им ветил. Воедно информира дека поради една –две неплатени сметки за струја денес добиле опомена од ЕВН пред исклучување на струјата.