Во текот на ноќните часови во СВР Велес била пријавен напад на вработен и кражба на нафта од товарно возило кое било паркирано кај патот во изградба Градско – Прилеп.
„На 30.06.2022 околу 03.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, на 25-ти километар кај патот во изградба Градско – Прилеп, едно лице физички го нападнало вработениот кој вршел обиколка на паркираните возила, а во тоа време други две лица одзеле нафта од товарно возило“, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Увид извршила екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Mожеби ќе ве интересира: