Како дел од годишната програма на Министерството за култура на Македонија –во областа на литературата и издавачка дејност Стрип центар на Македонија-Велес ги публикуваше стрип книгите „Мечкин камен –Карпош “ од Миле Топуз, „Кико и Веки и вселенските гусари“-Јордан Манасиевски, „Македонски стрип алманах 2023“ –Група на автори.
Содржината продолжува под рекламата
Според Томе Трајков-програм координатор, се работи за изданија од различен по себе жанр жанр и различни генерации на автори.
Содржината продолжува под рекламата
Пред се Миле Топуз којшто е еден од најплодните македонски стрип илустратори,продолжува со обработка на тема од македонската историја. Имено , мегу другото тој досега има публикувано и стрипови за : Хацон, крал Пребонд, цар Самоил, Климент Охридски, Гаврил Радомир, Ѓорѓи Војтех и други. За својата долгогодишна дејност во областа на стрипот, тој е добитник на признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ доделено од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.
Јордан Манасиевски пак е ликовен уметник од Охрид со светско реноме кој преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред Светот. Во оваа стрип книга е вметнат само дел од опусот со споменатите јунаци коишто ги обработува уште од 1981 г
И на крај , стрип книгата МАКЕДОНСКИ СТРИП АЛМАНАХ 2023 –Група на автори е резултат на повекегодишното издание -континуитет на идејата на стрип центарот за афирмирање на претежно млади , македонски стрип автори.
Во овогодинешниот СТРИП АЛМАНАХ се претставуваат : Васко Гаврилов, Ѓургица Варела , Јана Бутеска, Ана Марија Стефаноска, Мартина Величковска, Оливер Цветковски, Тоде Блажевски. Сибел Исмаилова,Илко Стојановски, Ване Трајков и (како гостин) Исток Ситар од Словенија.
Можеби ќе ве интересира: