Нови три жртви на ковид-19 во Велес

infektivno veles
infektivno veles

Тројца пациенти со ковид-19 починаа во велешката болница во последното деноноќие. Утринва почина жена на 82-годишна возраст од Градско, која на инфективното одделение во велешката болница е донесена пред дри дена во тешка состојба и со ниска сатурација. Таа претходно се лекувала од висок кривен притисок.

Zito akcija 640x289px

Утрово на инфективното одделени почина и маж на 86 години од Стари Град, примен истиот ден како и починатата жена. Тој имал ниска сатурација, но и други претходни болести.

Agria

Вчера попладне почина велешанец на 82-годишна возраст, кој 15 дена се лекувал, а имал висок крвен притисок и хронична анемија. И двајцата имале позитивен тест на коронавирус. Со нив, бројката на починати велешани изнесува 34 пациенти од почетокот на епидемијата.

Во меѓувреме, од велешката болница информираат дека во моментов на инфективното одделение се хоспитализирани 50 пациенти, од кои 43 имаат потврден позитивен тест на коронавирус, а седуммина се сомнителни случаи. Вклупно 16 пациенти имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка.

Од почетокот на епидемијата со короанвирус се заразија 843 граѓани, од кои 374 се излекуваа, а 438 пациенти се уште се водат како активни случаи со коронавирус.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: