Поради новите ковид мерки кои, поради влошување на епидемиолошката состојба, почнаа да се применуваат од почетокот на неделава, Општина Велес ги откажа сите културни и спортски настани кои планираше да ги организира месецов. Поради тоа, културните манифестации од „Велешко лето 2021“, вклучувајќи го и Интернационалниот фолклорен фестивал. Исто така, откажан е и традиционалниот турнир во мал фудбал.
„Општина Велес ја известува јавноста дека поради актуелната состојба со Ковид-19 и новодонесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата, сите настани кои се дел од „Велешко лето” 2021, времено се одложуваат. Воедно, традиционалниот „Турнир во мал фудбал” и XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021, исто така се одложуваат. Сите одложени настани и манифестации ќе се организираат во период до крајот на годината кога ќе бидат создадени услови и во формат, соодветен на условите. Општина Велес навремено ќе ја извести јавноста“, се вели во соопштението на Општина Велес.
Содржината продолжува под огласот
До крајот на месец август беа предвидени седум концерти и две изложби. Сепак, поради ковид-мерките кои забрануваат невакцинирани граѓани да присуствуваат на било какви манифестации, Општина Велес се реши да ги одложи планираните активности.
Можеби ќе ве интересира: