Со свеченоста којашто се одржа во Голема сала на Општина Велес, Одделението во Велес на Државен Архив на Македонија, пред голем број на гости со културно уметничка програма свечено го одбележа големиот и значаен јубилеј 70 години од основањето, и ја промовираше монографија „70 години Архив во Велес – Најзначајниот меморијален центар на културното наследство (1954 – 2024)“.
Д-р Јасмина Дамјановска, раководител на Државен Архив – Одделение Велес, пред присутните рече дека „Државниот архив е темел на нашиот идентитет, сведок на нашата историја, култура и традиција и несомнено има значајна улога пред се како чувар на нашата колективна меморија и национални вредности“.
Пред присутните говореа и Коста Нојков, заменик градоначалник на Општина Велес, Директорката на Државен Архив, д-р Наташа Котлар, како и Професорот во Институт за национална историја д-р Ѓорѓи Малковски, а со свои точки настапија ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и од ОМУ „Стефан Гајдов“ Велес.
.