Утре Општина Велес ке го прослави Денот на општината, 9-ти Ноември. Во пресрет на празникот веке се познати и добитниците на највисоките општински награди и признанија „9 Ноември“, кои традиционално се доделуваат во чест на ослободувањето на градот Велес, кој оваа година слави 80 години од ослободувањето.
Престижната награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година ја добива Проф. д-р Јордан Нојков, додека годинешна добитничка на наградата за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ е студентката Тамара Коцевска. Добитници на Спомен плакета на Општина Велес се директорот на Државен завод за ревизија – Максим Ацевски и граѓанската организација ИО „Димитар Влахов“- Велес.
Благодарници ќе им биде доделена на учесниците на „Вардарска регата Гемиџии 2024“, Ангелче Гушев, Владимир Ивановски, Трајче Перков, Теодор Ѓоргиев, Владимир Стојановски, Иван Гушев, Зоран Кимов, Александар Алексов, Александар Вренцовски, Горан Богоевски, Горан Здравковски, Даниел Јаневски, Миланчо Митревски, Стивен Бошевски, Александар Златаров, Виктор Миланов, Сашо Темелковски, Томе Шескокалов, Никола Аксентијев, Зоран Пановски, Предраг Игевски и Тони Јошевски. Благодарници ќе добијат и м-р Десанка Николова, Д-р Теодора Тодорова, четиричлена планинарска експедиција во состав Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов и Николче Василев, на организаторите на ултрамаратон „Велес- Лопушник“, Верољуб Додевски, Зоран Димов, Трајче Михов, Томислав Спасевски, и Љубиша Андриевиќ, на Здружение на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес и на Здружение на граѓани ,,ОК Борец ветерани” Велес.
Добитници на пофалници се Јадранка Мајсторова, Елица Николова, Горан Алексов, Слободан Ѓорѓиев, Борче Јовчевски и Сашко Ѓорѓиев од Неформална група „Клисура Пешти“ како и Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“ Велес.
Свечената академија по повод Денот на општината ќе се одржи во утре вечер со почеток во 19:00 часот во Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.