Бројот на случаи на Ковид-19 генерално се намалува во сите градови на Македонија, а во 15 во моментов нема активни случаи на Ковид-19. Слободни од „ковид“ се Струга, Дојран, Пехчево, Македонска Каменица, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Валандово, Дебар, Делчево,Крива Паланка, Ресен и Кочани.
Денес во Македонија беа регистрирани 55 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје 38, Битола 6, Куманово 5 , Прилеп 3, Тетово, Кавадарци и Охрид по 1. Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции. Регистрирани сe и 55 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи во Велес е осум.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката болница информираа дека се хоспитализирани пет ковид пациенти, сите на инфективното одделение. Еден пациент е на кислородна подршка.
Можеби ќе ве интересира: