Осум непрописно паркирани возила кренала вчера пајак службата во Кавадарци.
Од Јавното претпријатие „Паркинг“ потврдија за МИА дека пајак службата интервенирала по налог, по санкционирањето од страна на овластени службеници, полициско лице или надлежен инспектор.
Минатиот викенд, во петокот, саботата и неделата, при акција и по контрола и налог од овластени лица од Велес и Неготино, пајак службата кренала 35 непрописно паркирани возила.
Пајак службата, по налогот од овластени лица, ги крева возилата кои се непрописно паркирани на сообраќајници каде што има пешачки премин, знак за забрането запирање и паркирање и слично.
Извор: МИА
Можеби ќе ве интересира: