
Една пациентка на 80 годишна возраст е почината во велешкиот ковид центар. Таа била позитивна на ковид-19 со пневмониа.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 58 пациенти, што е за тројца пациент повеќе од вчерашниот ден. 42 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителени на вирусот, а 13 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 27 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на вчерашниот ден пет нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19. Во последните 24 часа испишани се двајца пациенти со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: