Паркинзи Велес: Ова е тест период, нема да казнуваме!

Platen Parking 1

По објавувањето на веста дека започна да функционира зонското паркирање во Велес, со реакција се јавија од Јавното претпријатие “Парк спорт – паркинзи”. Оттаму потврдуваат дека од вчера почна наплатувањето на паркингот на паркинзите, но тоа е само тест период.

Zito akcija 640x289px

“Ова е тест период и неме да се казнува, доколку некој не плати. Се уште технички се усогласуваат мобилните оператори со системот за наплата. Исто така, многу места се уште не се обележани како паркинг. Граѓаните ќе бидат известени кога ќе започне да функционира системот за наплата. “, велат од “Паркинзи – Велес”.

Agria

Велес е поделен на три паркинг зони, „А“, која е црвена зона има три подзони, втората зона „ Б“ е зелена и има девет подзони, и третата паркинг зона „Ц“ е жолта и има две подзони. Цената за еден час паркирање во зоната „А“ е 30 денари, во зоната „Б“ е 20 денари и во зоната „Ц“ е 10 денари.

Дневна карта за паркирање во сите зони е 400 денари. Во недела и на државни празници паркирањето ќе биде бесплатно за сите, а за граѓаните се издаваат повластени паркинг карти.

Од локалната власт очекуваат дека со платениот паркинг ќе се сопре сообраќајната некултура на паркирање кој кај ќе стигне, по тротоари и коловозни ленти, автобуски и такси стојалишта и потсетуваат дека Велес е меѓу последните големи градови во земјава што воведува платено паркирање.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22565/pochna-naplatata-na-parking-vo-veles/