Петмина починати пациенти од коронавирус се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани се 35 новозаразени, од кои најмногу, 22-ца се од Скопје. Во Велес денеска нема новоинфицирани.
Министерството за здравство објави дека оздравени се 19 пациенти, од кои еден велешанец.