Синоќа во Велес, во 49-та тагодина од животот, ненајдејно почина Славче Миров – Чавка, долгогодишен фотограф и снимател, еден од сопствниците на МС Студио.
Миров беше човек кој ретко кој во Велес не го познаваше. Со неговиот фотографски апарат, овековечи многу веселби, не само на велешани, туку и на луѓе од целата земја.
Покрај фотографијата, Миров беше и голем љубител на спортот, посебно на фудбалот, кого се уште рекреативно го играше, а во помладите години активно тренираше во неколку велешки фудбалски клубови.
Погребот на Славче Миров – Чавка ќе се одржи во среда на 04.12.2024 година, во 12 часот, на гробиштата во црквата Свети Спас во Велес.
Слава му!