Почнува 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“

Од денес, 29 октомври, па до 5 ноември, Велес ќе биде домаќин на 22. издание на реномираниот Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, кој и годинава ќе собере театарски ансамбли од земјава и странство што ја негуваат традицијата на античката драма.

Свеченото отворање ќе се одржи вечерва со претставата „Агамемнон: кругот на крвта“ во изведба на Театар клуб од Њујорк (САД). Во наредните денови, на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес ќе настапат, Кумановскиот театар со претставата „Калигула“, Драмски театар Скопје со „Ифигенија за ништо“ како и театар од Италија со претставата „Нешто големо“.

Agria

Фестивалот ќе биде затворен на 5 ноември со претставата „Лекција“ во изведба на Штипскиот театар, кога традиционално ќе бидат доделени наградите за најдобра машка и женска улога, најдобра режија, најдобра претстава, како и престижната Гран при награда.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: