Полицијата во Велес вчера уапси 47-годишен маж осомничен за недозволена трговија со дрога. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, на 29 октомври 2025 година, околу 12:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода С.М. (47) од Велес.
Осомничениот бил затекнат во момент на продажба на дрога на друго лице. Откако ги забележале полициските службеници, двајцата се обиделе да избегаат, при што С.М. фрлил кафеава прашкаста материја. Материјалот бил пронајден и одземен од страна на полицијата.
По преземени мерки, С.М. бил пронајден и приведен. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



















