Секторот за внатрешни работи Велес информираше дека уште двајца велешани се приведени кои биле барани по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
„На 25.08.2022, полициски службеници од СВР Велес го привеле М.З (31) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово“.
Содржината продолжува под рекламата
„На ден 25.08.2022 година полициски службеници од СВР Велес го привеле Б.А (49) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово“, соопштија од СВР Велес.
И двете лица се предадени во установата за издржување на казната.
Можеби ќе ве интересира: