Полицијата изврши контроли во угостителски објекти во Велес – констатирана прекумерна бучава во два локали

Policija zatvara ugostitelski objekt

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес спроведоа засилени контроли во повеќе угостителски објекти на подрачјето на градот.

Zito akcija 640x289px

Според информациите од СВР Велес, при акцијата биле извршени мерења на јачината на звукот во неколку локали, при што во два од нив било утврдено дека музиката е пуштена над дозволеното ниво на бучава. Со тоа, угостителските објекти го нарушиле јавниот ред и мир.

Agria

Од СВР Велес најавуваат дека против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел заштита на јавниот ред и обезбедување мирна атмосфера за граѓаните.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: