Двајца велешани на возраст од 21 и 23 години се лишени од слобода откако се обидели да украдат предмети од Јавна здраствена установа, пренесува портпаролот на СВР Велес.
„На 26.07.2024 во 18.05 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.Р.(21) и А.Д.(23), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека се обиделе да одземат предмети од Јавна здравствена установа на улица „Петре Прличко“ во Велес, се вели во соопштението од портпаролот на полицијата
Од полицијата додаваат дека М.Р. и А.Д. биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира: