
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори
- Приведен велешанец баран со судска наредба за кражба
- ФЕРОИНВЕСТ го изгради првиот лиценциран батериски систем во Македонија
- Времето денеска: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
- (ВИДЕО) Завршни пораки од кандидатите на СДСМ: „Велес заслужува повеќе“