
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вели Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев
- Филипче: Никој од Бугарија не смее да ги навредува нашите институции, ја осудувам изјавата на нивниот министер
- Повторно шанса од Унеско за Охрид, премиерот Мицкоски најавува битка против дивоградбите
- Татко насилно се однесувал кон својата 11-годишна ќерка, го снимал настанот и објавил на социјални мрежи
- Велешанецот Мартин Талаков се враќа во мак-фудбалот, ново засилување за Македонија ЃП