Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Полицијата синоќа имаше полни раце работа!

Veles policiski cas

Еден велешанец и еден кавадарчанец се уапсени ноќва, бидејќи го прекршиле полицискиот час и без дозвола се движеле надвор.

Zito akcija 640x289px

„На 25/26.03.2020 година во СВР Велес, за време на полицискиот час, поради непочитување на забраната за движење од  слобода се лишени две лица, од кои едно во Велес и едно во Кавадарци, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Велес.

Veles policiski cas

Претходно, час и половина пред почетокот на полицискиот час, тројца велешани се степале, откако спорот не успеале да го решат по вербален пат. Тепачката се случила во близина на Трговскиот центар.

„На 25.03.2020 година во СВР Велес е пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, кај Трговскиот центар, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу Т.Д.(38), Б.З.(30) и К.Г.(29), сите од Велес. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од велешката полиција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: