Полицијата трага по возачот кој синоќа усмрти 11-годишно девојче во Велес

soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete
soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete

Трагите од крв и стакло на асфалтот сведочат за страшната трагедија која се случи синоќа во Велес. Возач усмрти 11 годишно девојче, а тешко ја повреди неговата мајка на пешачки премин, во близина на училиштето Васил Главинов, по што побегна од местото. Несреќата се случи околу 22 часот, кога 43 годишната жена и нејзиното дете поминувале на пешачки, а на нив со голема брзина налетал бел мерцедес. Сопствениците на блискиот ресторан Мартин и Кристина Зафирови се првите очевидци, кои притрчале на помош.

Zito akcija 640x289px

„Дојде еден од гостите во кафеаната и само кажа дека имало некоја жена удрена надвор. Кога испаднав надвор таа лежеше одма до пешачкиот премин тука и не даваше знаци на живот. Од кога ја освестивме ми кажа дека имало дете со нејзе. Истрчав по детето кое беше на наредниот пешачки премин кој е 20 метра оддалечен. Поминал некој монструм со голема брзина, ги удри и мајката и детето, а детето го усмрти на лице место“, вели Мартин Зафиров, кој е очевидец на настанот.

Agria
Martin Zafirov ocevidec

„Додека си бевме гости во нашиот ресторан, не повика еден од гостите и ни кажа дека има удрено жена тука одма на пешачкиот премин. Кога испаднавме надвор жената беше облиена во крв, лежеше и не даваше знаци на живот. Почекавме една минута, жената полека се освести, а некој од присутните рече дека има и дете удрено. Мажот ми истрча кај детето и проба да му даде помош, но детето никако не реагираше, целото беше облиено во крв, веднаш повикавме брза помош, кога дојде одма го зема детето, а жената ја оставија да чека друга кола. Веднаш потоа дојде друга кола, ја земаа и жената, но за жал детето почина“, вели Кристина Зафирова.

Kristina Zafirova

Од увидот кој го направил јавен обвинител се утврдило дека мајката и детето биле удрени од возилото во моментот кога биле на крајот на пешачкиотр иу требало да се качат на тротоар.

Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало. Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete

Полицијата го пронајде возилото, но возачот е се уште во бегство и трага по него. Неговиот идентитет полицијата го знаеше уште синоќа при увидот кој го правеше заедно со јавен обвинител. Регистарска табличка од возилото била пронајдена на местото на несреќата.

„На 17.12.2022 околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н. (29) од Велес, удрило во пешаците Е.И. (43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото, велат од полицијата.

Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Од велешката болница велат дека мајката се здобила со скршеници и имала повреда на главата, но е надвор од животна опасност. Несреќата се случи на улица во чија близина се наоѓа основно училиште и брзината на возилата е ограничена на 20 километри на час.

Сепак, граѓаните се сведоци дека тука, посебно во вечерните часови се вози екстремно брзо, а пред само една недела на истот место бил удрен и тешко повреден повозрасен маж. Велешани преку социјалните мрежи бараат од полицијата да им стави крај на лудувањата на младите низ улиците на градот, кои синоќа однесоа млад живот.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: