Полицијата вчера уапси двајца крадци во во Велес, во два одделни случаи. 51 годишен велешанец одзел повеќе преднети од зграда на улица Вардарска, додека во 31 годишниот М.З. одзел повеќе предмети од продажен објект во центарот на градот.
Содржината продолжува под рекламата
„На 02.02.2023 во 13.45 часот во СВР Велес било пријавено од зграда на ул.„Вардарска“ биле одземени повеќе предмети. Полициски службеници излегле на местото и набргу, по преземени мерки, бил пронајден сторителот Р.А.(51) од Велес. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“.
Содржината продолжува под рекламата
„На 02.02.2023 во 11.00 часот, полициски службници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10.00 часот од продажен објект во Велес одзел повеќе предмети„, информираа од СВР Велес.
Лицета биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: