Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција, информира порталот Макфакс.
Според портлот, акцијата е започната рано утрово од страна на инспекторите од Криминалистичката полиција при СВР Велес, кои постапуваат врз основа на оперативни сознанија за лица кои можат да поседуваат оружје без дозвола.
Иако засега не се објавени официјални информации за евентуално пронајдено оружје или експлозивни средства, акцијата продолжува, а полицијата ги засилила безбедносните мерки во областа. Местото е под строга контрола, а додатни детали се очекуваат во текот на денот.