Полициска акција во Велес, санкционирани 53 прекршоци, одземени 13 мопеди и мотоцикли

Policija kaznuva motori

На 08 и 09 јули 2025 година, во периодот од 19:00 до 01:00 часот, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес спроведоа засилена акциска контрола на подрачјето на Велес. Контролата беше насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.

Во текот на акцијата се евидентирани вкупно 53 прекршоци. Од нив, осум лица биле затекнати како управуваат возило без положен возачки испит, додека четири возила биле технички неисправни. Дополнително, четири возила се движеле со необновена регистрација, а дури 20 возачи не носеле заштитен шлем.

Agria

Освен овие, санкционирани се и други видови на прекршоци во сообраќајот. Како резултат на констатираните неправилности, полицијата привремено одзеде 13 мопеди и мотоцикли. Тие ќе бидат подложени на вонреден технички преглед за да се утврди нивната техничка исправност и нивото на бучавост.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: