Полицсискиот час се намалува, угостителските објекти ги отвараат вратите за муштериите

kovid maski lugje

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Сега со овие мерки од утре, среда, забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20 ќе важи од 21 до 5 часот наредниот ден, а исто така се отвараат и сите угостителски објекти кои ќе работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што треба да бидат затворени за посетители.

Agria

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува.

Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.

Овие мерки кои Владата ги донесе на денешната седница ќе важат до 15 мај.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20334/golem-broj-gragani-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosene-lichna-zashtita-na-licze/