Поранешна негувателка од Велес осудена условно за злоупотреба на службена положба

Градинка

Обвинетата В.И. од Велес е огласена за виновна за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти Основниот суд Велес. Со правосилна пресуда од 20 јануари 2025 година, потврдена и од Апелациониот суд Скопје, на В.И. ѝ е изречена условна казна затвор во траење од една година, што нема да се изврши доколку во рок од три години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Покрај условната осуда, обвинетата доби и забрана за вршење професија, дејност или должност како неговател во траење од пет години, исто така сметано од денот на правосилноста на судската одлука.

Agria

Случајот со негувателката од градинката „Димче Мирчев“ во Велес предизвика силна реакција во јавноста во септември 2023 година, откако родители на неколку деца од објектот „Дворови“ излегоа со обвинувања дека вработената им давала на децата да пробаат електронска цигара.

Инцидентот се случил на 29 септември, кога негувателката останала сама со група деца во занимална. Според изјавите на родителите, таа им ја понудила електронската цигара, а дел од децата, од љубопитност, ја пробале. По инцидентот и реакцијата од родителите, негувателката беше суспендирана од работното место.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: