Вчера во 19.29 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С.(21) од с.Бузалково, велешко, извести СВР Велес.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 17.30 часот во селото при превртување на тракторот, кој го управувал во селото, велат од СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.