Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека моментално се активни девет пожари низ повеќе општини во земјава, од кои неколку се со сериозен ризик по шумските површини и животната средина.
На територијата на Општина Велес, пожар избувнал кај поранешната фабрика „Порцеланка“, каде што гори ниска вегетација. Пожарот е под надзор, но се следи поради блискоста со урбаниот дел на градот.
Во Општина Чашка, под Солунска Глава, во пределот наречен Изворите на Бабуна – Бабина Дупка, трет ден по ред има чадење од карпест терен. Иако нема отворен пламен, теренот е непристапен, што го отежнува гаснењето и следењето на состојбата.
Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на пожарите. Апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријавуваат евентуални нови пожари.