
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори
- Приведен велешанец баран со судска наредба за кражба
- ФЕРОИНВЕСТ го изгради првиот лиценциран батериски систем во Македонија
- Времето денеска: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
- (ВИДЕО) Завршни пораки од кандидатите на СДСМ: „Велес заслужува повеќе“