Претставата “Едвард втори” со две награди од Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

Edvard Vtori prestava

Васил Зафирчев ја доби наградата за најдобра споредна машка улога на Пирс Гејвстон во претставата “Едвард втори” , додека награда за најдобра главна женска улога за Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа во претставата “Едвард втори” на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

Во образложението на жири комисијата во состав Зијах А. Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ, стои дека Васил Зафирчев го креира ликот на Гејвстон со особена сценска лирика, но и со прецизни актерски средства кои се потпираат на кореграфија и сценско движење.

Agria

За Јована Миладинова во образложението жири комисијат се вели дека таа храбро исчекорува од просторот на својот моментален животен хабитус и смело се препушта на значајна режисерска постапка и на фасцинантен начин, низ збор, движење и енергија, го креира ликот на Изабела, жена распната помеѓу љубовта, страста, но и желбата за власт и висините на моќта.

Претставата “Едвард Втори” според К. Марлоу,  е во режија на Андриј Жолдак, копродукција меѓу НТ ЈХК Џинот, Велес, Р. С. Македонија и Драмски театар Н. О. Масалитинов, Пловдив, Р. Бугарија

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
5 Мај – Денот кога беше усвоена македонската азбука: Симбол на идентитет, култура и отпор
Кадетите на Фруитленд Борец без Ф4, и втор пат поразени од Струга
Детали за убиството во Шуто Оризари: Пред 5 годишната ќерка со нож ја избодел сопругата