Претставата „Рацин“ на велешкиот театар ќе настапи на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Pretstava RACIN

Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес на 11 јуни ќе настапи на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Рацин“, по текст на драматургот Сашо Димоски и во режија на Дејан Пројковски. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој ќе се одржи од 6 до 13 јуни под мотото „Смеј се и осмели се“.

„Рацин“ е претстава што на сцената го оживува ликот и идејата на Коста Солев Рацин – поет, борец и интелектуалец, чија мисија и денес одекнува со актуелност и човечка длабочина. Под драматуршко водство на Сашо Димоски и со сценската визија на Дејан Пројковски, ова сценско остварување најавува силно театарско доживување за публиката во Прилеп.

Agria

Фестивалот и оваа година нуди богата програма составена од девет претстави во официјалната конкуренција и уште пет во рамките на независната програма. Станува збор за најрепрезентативните театарски остварувања од земјата, кои ќе се борат за престижните фестивалски награди.

Собранието на фестивалот ги прогласи и добитниците на наградата за животно дело, кои годинава им припаднаа на врвните актери Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски – имиња кои оставиле неизбришлива трага во македонската театарска уметност.

Жирито што ќе ги додели наградите годинава е составено од истакнати меѓународни театарски уметници: Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште, Иван Меденица, театролог и професор од Белград, и Лилиа Абаџиева, позната театарска режисерка од Бугарија.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: