При акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава, полициски службеници лишиле од слобода 20 годишен велешанец кај кој е пронајдена марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денеска во периодот од 00:00 до 04:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, приведени се две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници“, посочуваат од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Од МВР потенцираат дека затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00:00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација. За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира: