Пријава за компјутерски криминал во Велес, скопјанец осомничен за злоупотреба на банкарска картичка

platezna-karticka

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ј.Ч. од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите од полицијата, на 13 март годинава, пријавениот наводно одзел банкарска картичка од својата познаничка без нејзино знаење, по што во неколку наврати извршил подигнување на готовина од банкомат. Со тоа ѝ нанел финансиска штета во износ од 107.738 денари.

Agria

Случајот е пријавен во полиција, по што била спроведена истрага и собрани се потребните докази. Кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: