Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во велешката болница и понатаму е висок

infektivno veles
infektivno veles

За еден ден во велешката болница е примен еден нов пациент со ковид-19, по што бројот на хоспитализирани е 78. Од нив, 50 имаат потврдени позитивни тестови, 19 пациенти се сомнителни, а деветмина имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

Zito akcija 640x289px

Сепак борбата со ковид-19 ја изгуби уште еден пациент. 71 годишна велешанка починала на Инфективното одделениe во велешка болница. Таа болнички се лекувала четири дена. 

Agria

Според последниот извештај на Министерството за здравство, во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови 36 случаи со коронавирус, а еден велешанец e починат како последица на ковид-19. Во истиот период се регистрирани и 17 оздравени пациенти.

Досегашната ковид статистика за градот е 4081 заразени и 3471 оздравени. Активниот број на ковид случаи е 485, а регистрирани се 125 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: