Притворени двајца млади велешани кај кои била пронајдена марихуана

Marihuana
Marihuana

Скоро нема ден а да во билтенот на СВР Велес нема притворени велешани за конзумирање или продавање на наркотични дроги. Вчера Секторот за внатрешни работи Велес уапси двајца млади велешани за поседување марихуана.

Zito akcija 640x289px

„На 07.11.2022 во 17.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Т.(23) и Д.Р.(20), двајцата од Велес. При претрес во домот на Н.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, бил затекнат Д.Р. и кај него била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: