Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Велес вчера го привеле А.Џ. (25) од село Бузалково, велешко, под сомнение за незаконско поседување оружје и испукување проектил од огнено оружје.
При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом, биле пронајдени и одземени два пиштоли, „Црвена застава“ и „АГ-9“, како и 100 парчиња огномет. Осомничениот се поврзува и со инцидент што се случил претходниот ден во село Горно Оризари, каде, според полициски информации, додека управувал патничко возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, преку отворен прозор испукал еден истрел со пиштол.
А.Џ. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.