Во билтенот на СВР Велес се најдоа две пријави на насилство. Најпрво 53-годишен велешанец пријавил дека Е.Д од Велес со тврд предмет оштетила дел од покуќнината во неговиот дом.
„На 25.07.2022 во Полициската станица Велес, 53-годишен велешанец пријавил дека Е.Д од Велес со тврд предмет оштетила дел од покуќнината во неговиот дом и му се заканила. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжива под рекламата
Вториот пријавен случај се случил на 23 јули кога 54 годишен велешанец по расправија со сопругата и малолетниот син, физички го напaднал синот.
„На 23.07.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Ч.(54) од Велес затоа што, по расправија со неговата сопруга и малолетниот син, физички го нападнал синот. И.Ч бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава“, информира велешката полиција.
Можеби ќе ве интересира: