
42 годишен велешанец е лишен од слобода, откако бил пријавен дека одзел паричник со пари и лични документи на ул.„Цветан Арсов“.
“Денеска (01.08.2021) околу 10.15 часот од страна на полициски од СВР Велес е лишен од слобода В.Ѓ.(42) од Велес, постапувајќи по пријава од П.П.(87) од Велес, според која во 09.00 часот на ул.„Цветан Арсов“ од едно лице му бил одземен паричник со пари и лични документи.
По преземени мерки и активности сторителот е откриен и приведен во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено криично дело „тешка кражба на дрзок начин“. се вели во ссопштението на МВР.
Можеби ќе ве интересира:
