Вчера, полициски службеници од Полициската станица Велес лишиле од слобода 30-годишен велешанец, затоа што бил затекнат при во обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“ во Велес, извести МВР.
„На 12.12.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“ во Велес. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека тој на 10.12.2022 од истата црква одзел пари“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: