Денеска (02.08.2023) во 05.00 часот во с.Трновац, на место викано Златановци, кратовско, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(19) од велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Содржината продолжува под рекламата
Имено, на 01.08.2023 во 20.30 часот на автопат Куманово-Табановце полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес мл 320“ со велешки регистарски ознаки, кое не застанало и кај место викано „Поповски рид“ пред с.Страцин излетало од коловозот, а возачот и мигрантите се дале во бегство.
Содржината продолжува под рекламата
По преземени мерки биле пронајдени 9 лица мигранти од Сирија, кои биле пренесени во Транзитниот центар „Табановце“, а по преземени дополнителни активности бил пронајден и Х.Д., кој со возилото ги превезувал мигрантите. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: